ВОДКА

Вотка (руски: водка, полски: wódka = „водичка“) — жесток пијалак, најчесто безбоен, а се добива со дестилација на житарки или компири. Името на овој пијалак потекнува од словенскиот збор „вода“, како деминутив на руски.

Вотката во главно се состои од алкохол (етанол) и вода. Количината на алкохол во вотката се движи од 35 % до 70 %. Класичната руска вотка има 40 % алкохол. Тоа се препишува на руските стандарди од 1894 година кој ги вовел Александар III, а кои биле засновани на истражувањата на Менделеев, кои подоцна тој ги употребил во својата докторска дисертација под наслов “Комбинирајќи ги алкохолите со вода”.[1] Судејќи според анализите на музејот за вотка во Санкт Петербург, Менделеев дошол до сознание дека совршен процент на алкохол во вотката е 38 %, но сепак тие се одлучиле за цела бројка. По законот во САД, минимален процент на алкохол во вотка е 40 %, додека во Европа е 37,5 %.

Showing all 9 results

0
Your Cart is empty!

It looks like you haven't added any items to your cart yet.

Browse Products
Powered by Caddy