Производите нарачани во оваа Интернет Продавница ќе ви бидат испорачани преку пошта или преку курирска/доставна служба.

Доставата за нарачки над 1500 денари е бесплатна, за нарачки под 1500 денари се наплаќа 140 денари фиксно за секоја локација во Македонија.

Пресек на нарачките правиме секој работен ден во 10 часот наутро и истите ги испорачуваме истиот ден, а обично во градските средини се доставуваат наредниот ден.
Ќе ви се јават од доставната служба на телефон да се договорите околу превземањето на пратката.

Што значи дека, нарачаните производи ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена од денот на нарачувањето во зависност од вашата локација. Ако производот е во моментот на залиха, ќе го добиете во период од 2-4 работни денови, по нарачувањето. Ако производот не може да ви биде испорачан, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги специфицирале во нарачката.

По правило (default) производите ги праќаме во оригинално неотворено фабричко пакување, освен ако не е претходно поинаку договорено со клиентот.

Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса или во локалната пошта во готовина, со кредитна картичка или со банкарски трансфер (вирмански).

Со секоја пратка ќе добиете фактура, со детална спецификација и цени на производите во нарачката.

Правило на куќата е пред испорака сите нарачки да се потврдуваат телефонски, императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во вашиот регион) за да се договорите околу превземањето на истата.

Со самото користење на сајтот (правење нарачка) од ecom.mk автоматски се сложувате со овие правила.

0
Your Cart is empty!

It looks like you haven't added any items to your cart yet.

Browse Products
Powered by Caddy