Опис на производот:
Уживате во чоколадно задоволство? Ќе уживате уште повеќе во слатката комбинација од медот на SlatkaMaya, какао и лешници- притоа без никакви додадени шеќери и вештачки засладувачи. Илјадници години какаото и медот им ги пленат фантазиите на луѓето ширум светот за нивниот вкус и разноврсност. А сега, комбинацијата на овие два деликатеси збогатени со лешници апсолутно ќе ве распамети и ќе ви ја даде потребната енергија за целиот ден! Нашата здрава ‘‘Нутела‘‘ можете да ја искомбинирате со вашиот тост, десерт, вашите печива, или пак да ја додадете во топло млеко и да го добиете најдоброто топло чоколадо што некогаш сте го пробале!
Состав: Мед, какао, лешници
Начин на употреба: Медот (пчелните производи) треба постепено да се раствори во устата, а не веднаш да се проголта. Ефектот се постигнува и ако се раствори во чаша вода, чај или млеко. На тој начин правилно се внесува во организмот и неговите корисни својства делуваат.
* Може да се користи како замена за шеќер,намази, како засладувач на пијалоци, за печење и готвење и слично.
Препорачана доза: 1 х Супена лажичка или 3 х Кафени лажички на ден.
Начин на чување: Да се чува на температура до 25 ° C и релативна влажност од 70%. Медот е чувствителен на топлина и неговата конзистентност може да се промени без да влијае на неговиот квалитет. Избегнувајте замрзнување.
Рок на употреба: Неограничен.
Коментарите
Не постојат критики уште.