РУМ

Рум претставува дестилиран алкохолен пијалак од производи од шеќерната трска, првенствено меласата. Румот може да се пие чист или помешан и се користи во десерните сосови и за други јадења.
Румот како пијалак е првпат споменат во документите од Барбадос во 1650 година. Румот играл улога во трговијата со робови: робовите во Африка биле продавани во Западна Индија за меласа, меласата се произведувала во рум во Нова Англија и румот потоа бил продаван во Африка за многу повеќе робови. Британските морнари добивале редовни следувања рум до 80-тите години на XX век.
Двата главни типа – светол и темен рум, се продаваат на пазарот. Свелиот рум, традиционално од Порторико и Куба, произведен е со култивиран квасец, кој се дестилира со непрекинат технолошки процес во садови, пред да се помеша и складира да созрее (остари) четири години. Посилниот темен рум, традиционално од Јамајка, за кого се користат спорите на квасецот од воздухот и се дестилираат во едноставни казани пред да се помеша и да се складира да созрева пет години.

Прикажани сите 6 резултати

1
    1
    Твојата Картица
    Captain Morgan White 0,7
    1 X 600 ден = 600 ден